Македонија утре го избира најдобриот бармен

Од:

Десетото јубилејно Првенство на бармени во Македонија, оваа година ќе се одржи на 28 март во Marriott Хотел. Триесетина бармени од цела Македонија ќе се обидат да ја освојат титулата и да не претставуваат на Светското првенство на бармени во Копенхаген, Данска.

Како и досега, бармените ќе се натпреваруваат во две категории, класична подготовка на коктели и „флертендинг“ што подразбира жонглерски акробации со барската опрема. Натпреварот е поделен на два дела, квалификации и финале во кое учество ќе земат најдобрите 12 натпреварувачи. Натпреварувачите се оценуваат од две комисии, технички судии и „тестинг“ судии.

Новина оваа година е што натпреварувачите треба да подготват коктел во категоријата во која ќе се натпреваруваме на Светското првенство на бармени, односно категоријата Long Drinks.

Неколку години по ред, Здружението на бармени на Македонија со помош на спонзорите се обидува да внесе и едукативна нота на првенствата и обезбедува врвни предавачи за семинарите кои ќе се одржуваат меѓу квалификациите и финалето. Првиот семинар е на тема „Oбука на барскиот персонал и ефективност на бармените“ кој ќе содржи и презентација на нови коктели со Ketel One вотка и Bulleit бурбон. Oвој семинар ќе го води Ники Неиков – бренд амбасадор за Diageo Reserve – Бугарија.

Вториот семинар е презентација на Angostura рум, кој е нов на нашиот пазар и подготовка на коктели со него. Семинарот ќе го води Мате Ксатлос, бренд амбасадор за Angostura рум од Данска. Со тоа, покрај натпреварувачкиот дел, учесниците и присутните ќе имат можност да запознаат нови техники на подготвување на коктели и нови комбинации на вкусови.

Првенството е од отворен карактер, и може да присуствуваат сите заинтересирани, да научат нешто ново или пак да ги подржат најдобрите бармени во Македонија.

Би можело да ве интересира

Во Велес се одржува 11. „Вигор Бармен Куп“

Ана Ололовска

Бронзен медал за Македонија на Светското првенство за бармени

Ана Ололовска

Бармен куп во Гевгелија

Ана Ололовска

Методи Перунковски и Александар Бошев најдобри бармени во Македонија за 2015. година

Ана Ололовска

Државно првенство за бармени во Охрид

Ана Ололовска

Во Охрид утре 8-то Државно првенство за бармени

Ана Ололовска