Македонија оштетена на детскиот Евросонг

Од:

На вчерашната генерална проба, која воедно е и одлучувачка, т.е е официјален настап на кој жири комисијата ги дели своите гласови кон настапувачите, Македонија за жал технички беше оштетена.

Станува збор за технички проблем, т.е едниот од двата микрофони на Ивана и Магдалена не проработи. Поради истиот на нашите претставнички им беше дозволено да настапат повторно на крајот од пробата, но сепак гласовите веќе беа дадени и пресметани.

Сепак, ваквиот гаф кој прави голем неспокој и вознемиреност и кај многу поискусните изведувачи,кај Ивана и Магдалена, по првичниот шок, не делуваше негативно, па девојките се вратија на сцената и ја имаа досега најдобрата изведба.

Токму затоа на денешниот настап, на кој Македонија ќе настапи со редниот број 9 ќе биде потребна голема подршка од нашите фанови надвор од границите и македонските ширум, бидејќи само тие ќе имаат можност да гласаат по смс за нашите Ивана и Магдалена.

Главен медиумски спонзор и покровител на Детската Евровизија е Македонската Радио Телевизија, а пренесот на истата започнува во 19:30 минути на првиот програмски сервис – МРТ1.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Македонија деветта на детскиот Евросонг

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Децата од „Дајте музика“ ја имаа првата проба на сцената на Детскиот Евросонг

А1он

Децата од „Дајте Музика“ ќе настапат на детскиот Евросонг со песната „Green forces“

Ана Ололовска

Децата од „Дајте музика“ наши претставници на јуниорскиот Евросонг 2021

Ана Ололовска

Мила Москов избрана за Јуниорскиот евросонг 2019 во Полска

Ана Ололовска

Ивана и Магдалена ќе настапат 9. на детскиот Евросонг во Софија

Ана Ололовска