Научниците биле приморани на 28 февруари да ја сменат брзината на вселенската сонда Мајвен за да избегнат судир со месечината на Марс, Фобос, соопшти денеска НАСА.
Мајвен морал да ја смени својата брзина за 0,4 метри во секунда за да избегне судир со поголемиот од двата природни сателите на Црвената планета.
Примарната цел на мисијата Мајвен, почна во ноември 2013 година кога леталото беше лансирано, е истражувањето на атмосферата на Марс. Во орбитата на Марс влезе во септември 2014 година.
Сондата е опремена со инструменти чија задача е на научиниците да им пружи подобар увид во тоа зошто Марс изгубил поголем дел од својата атмосфера и вода, поради што Црвената планета стана негостољубива за живот.
Леталото се наоѓа на висина од 6.000 километри над Марс и мисијата треба да заврши кон крајот на 2024 година.