Откако ја презеде Нокиа, компанијата Мајкрософт нема претставено ништо ново и епохално, но сега на интернет се појавиле информации за моделот Лумиа 940, од кој се очекува многу.
Иако од Мајкрософт нема официјална потврда, од повеќе страни стигнуваат информации дека Лумиа 940 ќе има димензии 137х71х8.9 милиметри и тежина од 149 грама. Ќе има фулХД дисплеј од пет инчи, кој ќе биде заштитен со Горила Глас 4 стакло.
Камерата од задната страна ќе има 24 мегапиксели и ќе може да снима 4К видео со 60 fps, додека камерата од предната страна ќе има пет мегапиксели. Бидејќи апаратот ќе работи на оперативен систем Виндоус Фоун 10, овој модел не треба да се очекува во брзо време.