„Мајкрософт“ ќе произведува сопствен мини-таблет

Од:

Американскиот софтверски гигант „Мајкрософт“ ќе произведува сопствен мини-таблет со екран од седум инчи, објави „Волстрит џурнал“.

Сериското производство на мини-таблети, кои ќе работат на оперативниот систем „виндоуз 8“, би можело да започне кон крајот на оваа година.

Седуминчните таблети не биле дел од стратегијата на компанијата минатата година, но раководството одлучило дека е потребен одговор на се попопуларните мини-таблети, како што е “нексус“ на Гугл од седум инчи и „ајПед мини“ на Епл од 7,9 инчи.

Првиот сопствен таблет, под името „сурфејс“, Мајкрософт го претстави во јуни минатата година.

Експертите не прогнозираат колку ќе чини новиот мини-таблет, но укажуваат дека најверојатно неговата цена ќе биде пониска од сличните апарати на Епл и Гугл.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска