Мајкрософт се подготвува за повторно враќање во живот на „Старт“ копчето, што го „уби“ во Виндоус 8.
Извори запознаени со плановите на компанијата за сајтот „Верге“ откриле дека „Виндоус 8.1“ со себе го враќа и копчето „Старт“.
Копчето ќе служи за полесен пристап до Старт екранот и нема да ги отвора традиционалното Старт мени. Неговиот изглед ќе биде идентичен како и сегашното Виндоус знаме во Шарм барот.
Отстранувањето на Старт копчето предизвика полемика по претставувањето на најновиот оперативен систем на Мајкрософт.
Речиси 1,5 милион преземања на апликации и други алатки, кои претставуваат замена за Старт менито, беа јасен индикатор за Мајкрософт што корисниците навистина сакаат.