„Мајки“ пред публиката во Данска, Австралија, Нов Зеланд и Сингапур

Од:

Филмот „Мајки“ на Милчо Манчевски, кој премиерно беше прикажан пред две години, овој месец се прикажува во Копенхаген во рамки на фестивалот „Југ/Југозапад“ организиран во Кинотеката на Данска  од Данскиот филмски институт.

Патувачкиот филмски фестивал „Спринг“, пак, годинава се отвори токму со филмот „Мајки“ во Мелбурн, а следуваат проекции и во Перт, Сиднеј, Њукасл и Оукланд (Нов Зеланд).

„Мајки“ беше прикажан и на филмската академија во Сингапур.  Со студентите на постдипломски студии по режија во Сингапур, Манчевски по проекцијата одржа едночасовен разговор остварен преку видеоврска од Скопје.

Би можело да ве интересира

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ

Курт Расел за The Hateful Eight: Морав да станам сосема нова личност

Предраг Петровиќ

Снимањето на серијата за Хари Потер започнува следната година: „Нова актерска екипа“

Предраг Петровиќ

Проекција на филмот „Божиќното танго“ во режија на Никос Кутелидакис

„Лиминални простори-лиминални тела“ – проекција на краток филм и изведба на танцов перформанс во Охрид