Мадона е во преговори со организаторите да настапи на евровизискиот натпревар, кој ќе се одржи во Тел Авив, во мај годинава.
Поп иконата изразила согласност да оди во Израел, но преговорите се уште траат поради финансиските услови.
Израел го освои правото да биде домаќин на годишниот натпревар во 2019 година, откако Нета Барзилај беше прогласена за победник на минатогодишниот настан.
Оваа година Евровизија ќе се одржи во Тел Авив, од 14-ти до 18-ти мај.