Лустер со име ИКЕА ПС 2014, е награден со престижна меѓународна дизајнерска награда Ред Дот Авард.
Во конкуренција од околу 5.000 дизајнерски изработки од 56 држави, 38 членови на жири ја избраа токму таа изработка. И тоа поради добрата изведба и исклучителниот дизајн како и начинот на кој шири светлост.
– Инспирацијата за дизајнот на лустерот ја добив од филмови со научна фантастика. Сакав да направам лустер што овозможува рачно придушување на светло со промена на отворите. Кога е затворен личи на огнена кугла, а потоа може да се отвора и да пушта светлост, објаснува Дејвид Вал дизајнеш што го осмислил лустерот.