Луксузен телефон од титаниум

Од:

Компанијата „Гресо“ (Gresso) е едно од најпрепознатливите имиња во светот на луксузните телефони. Нивните „Grand Monaco“, „Avantgarde“ и „World Time“ колекции се многу познати меѓу богатите и славните. Последната колекција телефони кои се пласираа на пазарот го добија името „Cruiser Titanium“.

При производството на овој модел е користена нивната специјална „хенд полишинг“ (hand polishing) технологија за да добијат еден од најсилните материјали кои постојат за изработка на оваа иновативна колекција.

За разлика од конвенционалните телефони, „The Gresso Cruiser Titanium“ колекцијата нуди прв мобилен телефон на светот кој е изработен од толку силен материјал што главно се користи во аеро-индустријата. Површинските оштетувања на овој телефон се речиси невозможни.

telefon-titanium

За изработка на еден примерок потребни се 16 часа рачна работа при која високо внимание се посветува на деталите.

Телефонот е комбинација на маестраелн дизајн и рачна изработка при користењето на најквалитетните материјали, а е направен во 555 примероци од кои секој има вгравирано единствен број кој не се повторува, така што е невозможно да се направи лажна копија на оригиналот.

МИА

Би можело да ве интересира

4iG ги поттикнува иновациите и растот како лидер на пазарот во мобилните телекомуникации

Горан Наумовски

На мобилен месечно зборуваме по 3,5 часа, на фиксен половина час

Ана Ололовска

A1 Македонија ќе ги доставува месечните сметки електронски до корисниците

Ана Ололовска

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Во првиот квартал 1,9 милиони претплатници во мобилната телефонија

Ана Ололовска

Во мобилната телефонија 1,969 милиони претплатници

Ана Ололовска