Луксузен стан од еден милион евра направен во викторијанска бања

Од:

Луксузен стан направен во реновирана викторијанска бања од 19. век, е понуден на продажба за еден милион фунти (околу 1,11 милиони евра).

Станот се наоѓа во зграда во гратчето Пенарт во Велс и е навистина оригинално и уникатно место за живеење. Објектот првично служел како јавна бања, во која два базена се полнеле со морска вода.

Бањата била затворена во 1980-те, кога просторот бил претворен во ресторан, а потоа во 2005 година била поделена во четири одделни простории. Една од нив денес е станов што се нуди на продажба.

Тули и некои прозорци од оригиналната бања се задржани, како и челичните греди и стакларникот на таванот. Сепак, ентериерот е преуреден и претворен во луксузен и модерен простор за живеење.

Има и подно греење, а на вториот кат има теретана и тераса. Има сауна за релаксација, џакузи, тушеви, бања… Станот има три спални соби и две бањи.

Главната дневна соба сѐ уште ги има оригиналните прозорци и малку повеќе обложени sидови од тули, како и камин и скали што водат до вториот кат.

На истиот простор се наоѓа и добро опремена кујна со кафемат и други современи, софистицирани апарати.

На горниот кат, пак, покрај спалните, има и просторија што може да се користи за работа од дома.

Во близина на станот има карпи и шеталиште покрај морскиот брег. Цената на станот е еден милион фунти.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска