Форд на светскиот саем за мебел во Милано прикажа специјална дизајн колекција која влкучува преубава столица, лампа и часовник – кој се одликува со единствен дизајн на оваа компанија, на кој влијаеле трендови на модата и на мебелот.
Форд Дизајн Футурим Тим кој го предводеше Ерика Цубаки, соработувал со водечки дизајнери на оваа компанија од целиот свет, за да креираат дизајни прикажани на Форд дизајн штандот на овој саем.
Нови бои, Burnished glow и Tectonic silver, кои се воведени минатата година, рефлектираат тренд кој оди кон суптилен луксуз, во однос на чувството кое е отелотворено во најдобрите луксузни италијански модни брендови.