Луѓето најверојатно ќе може да се размножуваат во вселената

Од:

„Мал чекор за науката, но потенцијално огромен скок за човештвото“ – гласи коментарот на шпанските научници, кои развија теорија дека замрзната сперма, испратена во вселената, сè уште може да се користи за оплодување.

Истражувањето претставено на Европскиот форум за човечка репродукција и ембриологија во Виена, се повикува на експеримент со сперма во состојба на микрогравитација, каде што таа изгледа скоро како бестежинска и сè тоа трае неколку секунди. Потоа примероците биле анализирани во однос на густината, подвижноста на сперматозоидите, виталноста, морфологијата и ДНК-фрагментацијата. Заклучокот на стручните лица гласи дека скоро и да нема разлика меѓу сперматозоидот во вообичаени услови на Земјата и оние коишто биле изложени на микрогравитација.

Научниците користат замрзната сперма, зашто радијацијата може да влијае на составот на „свежата“.

Д-р Монсерат Боада од „Вомен’с Хелт“ во Барселона ги претстави резултатите и притоа подвлече дека истражувањата се на самиот свој почеток и ќе следи уште многу работа околу тоа. Изложувањето примероци на микрогравитација на подолго време, допрва следи, а потоа и замената на замрзната со пресна, обична сперма, за да се види каков ќе биде ефектот.

– Не е нелогично да почнеме да размислуваме за размножување вон Земјата… Но, има редица пречки, кои стојат меѓу човекот и поколението родено во Вселената. Со тек на времето, на пример, коските на астронаутите се истенчуваат, мускулите атрофираат, а се губи и количеството крв. Вселенските патувања, исто така, можат да ја зголемат и опасноста од рак, објасни д-р Боада.

Претходни истражувања пак, покажуваат дека вселенското зрачење може да има долготрајни ефекти врз мозокот, учењето нови работи, помнењето и психичкото здравје. Најнови сознанија говорат и дека, колку подолго астронаутите престојуваат во Вселената, толку поверојатно е да заболат од херпес и варичела.

Сѐ повеќе приватни компании наголемо говорат за идните човечки населби во Вселената… Така, на пример Илон Маск има намера да ја основа првата населба на Марс до 2022 година. Холандската компанија Марс уан пак, таа идеја ја развиваше уште од 2013., но на почетокот на оваа година, им се случи банкрот.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ