Мајката, која е од Британија, ја крстила ќерка си Хаштаг, по симболот на социјалната мрежа Твитер. Таа името на бебето го објавила заедно со фотографијата, на својот профил на Фејсбук.
„Хаштаг Џејмисон е родена во 22 часот. Тешка е 4.5 килограми и ја обожавам“, напишала радосната мајка.
Хаштаг се фрази пред кои стои симболот # на Твитер за да се идентификува темата на коментарите. Бебето привлече теми на дискусија на Твитер како #Ужасни родители, #Будалести родители, #Родителите те мразат и #Најглупавото име досега.