Педесет и петгодишен ловџија од францускиот град Перигорд долго ќе се сеќава на ловот на елени: неговото куче го рани во раката, по што таа му беше ампутирана.
Оваа необична несреќа на лов се случила во близината на Сан-Мишел-де-Дубл на запад од Дордоња. Ловџијата ги испратил своите две ловџиски кучиња од расата Сина крв од Гаскоња во потера по елените, додека третото, најмладото, кое го повел да го тренира за лов го држел до него.
Кучето наеднаш скокнало врз својот газда за да го погали, при што со шепата го повлекла чкрапалото на пушката, кој пукнала и притоа тешко го ранила ловџијата во десната рака.
Тешко ранет, ловџијата бил пренесен во регионалната болница во Бордо, каде ампутацијата на раката се покажала неминовна. Ловџијата како што тој самиот изјавил за локалното радио не му е лут на кучето, бидејќи грешката била негова – не ја закочил пушката.