Сè уште не стивнуваат тензиите околу оставката на италијанскиот министер за култура и неговото вработување на неговата љубовница во кабинетот, а во директна пресметка влезе и премиерот на Италија Џорџија Мелони.
Откако министерот Џенаро Санџулијано поднесе оставка, прва се огласи Марија Росарија Боча, личноста за која се тврди дека е негова љубовница и жената која сакаше да ја вработи во неговиот кабинет.
– Не, не сум задоволна од неговиот потег.
Нејзиниот коментар не помина под радар, па на прес-конференција ја спомена италијанската премиерка Џорџа Мелони, која се осврна на разрешувањето на министерот и како една инфлуесерка влијаела на неговото однесување.
„Мислам дека не треба да влегувам во расправија со оваа личност. Мојата идеја за тоа какви треба да бидат жените е сосема спротивна од нејзината“, рече Мелони.
Многу брзо следеше реакција од модната претприемачка и инфлуенсерка која заедно со описот сподели видео на кое се гледа како Мелони си го чеша носот.
“Секоја жена мора да биде слободна да ја живее својата суштина, почитувајќи ги другите. За целосно да се разбереме, потребна е понизност да разговараме и слушаме со отворен ум. Сепак, она што го гледам е жена подготвена за борба. Жена која го дува носот по ударот, но таа не гледа дека го издувала носот во ветрот и не влијаела на вистината. Остави ги ракавиците настрана“, напиша Боча.
Во писмото што министерот го испрати до Мелони истакна дека мора да биде со сопругата во тешките приватни моменти и дека ќе покрене тужба против сите кои му нанеле голема штета, како во приватна, така и во деловна смисла.
„Мојата работа не може да биде извалкана и запрена со озборувања. Институциите имаат превисока вредност и не смеат да ги почитуваат причините на поединците. Ми треба личен мир, да бидам покрај мојата сопруга која ја сакам, но пред се да имам одврзани раце за да преземам правни мерки против оние кои ми наштетија“, напиша тој.