Разликата во години, можеби во почетокот на врската не изгледа како сериозен проблем, сепак мажите треба да знаат дека љубовта со многу помлади партнерки обично не трее долго. Ваквите врски уште на почетокот се осудени на пропаст.
Понекогаш изгледа во ред, но подоцна се појавуваат многу непријатни ситуации.
Многу мажи фантазираат за односот со многу помлада жена и не е невообичаено да се откажат од својата долгогодишна врска, па дури и од бракот за некоја помлада девојка. Исполнувањето, посебно на машките фантазии од нивните многу помлади девојки често пати завршува катастрофално. Еве зошто:
Помладите жени се поослободени од постарите
Честа причина која мажите ја признаваат зошто биле позадоволни со помлади жени е дека тие за разлика од постарите се повеќе ослободни. Помладите жени немале лошо искуство во љубовта и врските, па немаат страв од интимност и поврзување. Тоа е секако погрешно, бидејќи помладите девојки, всушност, имаат многу помалку сигурност отколку постарите.
Постарите жени низ животот се соочиле со своите комплекси, маани и стравови.
Исто така многу добро знаат што сакаат и имаат доволно самодоверба да го покажат тоа.
Потребна им е финансиска сигурност
Веројатно сега изгледате малку полошо отколку во цветот на младоста, но сепак имате девојка за која сите ваши пријатели ви завидуваат. Каде лежи зајакот? Помладите жени многу често во своите постари партнери гледаат финансиска стабилност. Па, немојте да се изненадите премногу кога ќе се намали вашиот паричник, а со тоа и интересот на младата девојка која често пати веднаш исчезнува. Се разбира, постојат исклучоци, но сепак, размислете.
Имате ли воопшто нешто заедничко?
Сигурно сте свесни за генерацискиот јаз кој постои меѓу вас. Вие не можете да ја разберете целосно нејзината опсесија со Фејсбук, а таа цело време „зева“ додека вие ќе си ја пуштите омилената песна од Мишо Ковач. Овие несогласувања се ужасно досадни и нервираат, па тешко е да се одржи контакт со некој кој е толку различен од тебе. Кога ќе се најдете со пријателите, таа не може да учествува во разговорот, а кога ќе донесе некој од нејзините пријатели (што е ретко), имате чувство дека сте пензионер. Дали навистина го сакате тоа да ви се случува и во подоцнежните години?
Ви треба адреналин
Можеби до сега сте биле во врска со жена на ваша возраст, па едноставно ви здосадило и сакате акција. И баш во тој момент се појавила девојката на дваесет и нешто години. Сето ова е убаво, но да бидеме искрени и да размислиме дали се тоа вистински причини, како што се на пример љубовта, почитта и довербата. Без разлика што вие лудувате по нејзините цврсти гради, сепак бидете сигурни кој одлучи за таа врска, дали вашето срце или нешто друго.