По повод 50-годишнината од независноста на Сингапур, најнаградуваното виски „Гленфидич“ произведе посебно лимитирано издание – „Singapore Anniversary Edition 50 Year Old“.
Имено само пет шишиња од ова виски се достапни во продажба.
Секое шише е рачно изработено од страна на експерти за стакло, а украсено е со сребрен орнамент од Томас Фаторини.
Самото пакување на овој ексклузивен вкус е исто така единствено.
Рачно сошиената кутија доаѓа со книга во кожна опаковка во која е напишана богатата историја на вискито и на Сингапур.
Лукскузното виски се продава по неверојатна цена од 35.720 евра.