Личната помошничка на Меган Маркл дала отказ поради притисок на работа

Од:

Мелиса Тубати, лична помошничка на војвотката од Сасекс, Меган Маркл, дала отказ поради огромен притисок и сѐ тоа завршило прилично бурно – таа си заминала расплакана од кај благородничката.

Изворот за списанието „Мирор“ изјави дека „нејзината работа била таква што таа била под голем стрес и не можела тоа да го издржи”.

– Работела многу, Меган барала многу и таа „излетала од кралскиот дом во солзи… Таа (Мелиса) е исклучително талентирана и имаше клучна улога во успехот на кралската свадба. Им недостасува на сите во палатата Кенсингтон, сведочи неименуваниот извор.

Причините се тие, а самиот повод засега не се открива.

Се шпекулира дека пред свадбата, Маркл се скарала и ја расплакала и нејзината јатрва, сопругата на принцот Вилијам и војвотка од Кембриџ Кејт Мидлтон.

Мелиса Тубати претходно му била помошничка и на пејачот Роби Вилијамс.

Би можело да ве интересира

Меган Маркл и принцот Хари се договорија да тргнат по својот пат

А1он

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Хари и Меган ѝ посакаа побрзо оздравување на принцезата Кетрин

А1он

Меган и Хари сакаат ново презиме за нивните деца

А1он

Меган Маркл подготвува голем проект

Хари имал расправија со неговиот татко на денот на погребот: „Меган не е добредојдена“

А1он