Лицата кои спијат подолго од осум часа имаат зголемен ризик од прерана смрт

Од:

Луѓето кои премногу спијат имаат поголем ризик од прерана смрт отколку оние кои спијат премалку, се наведува во студијата која ја спроведоа научници од универзитетите Кил, Манчестер, Лидс и Ист Англиа.

Експертите открија дека спиењето подолго од осум часа е поштетно од тоа ако спиете помалку од седум часа.

Во студијата, со која беа опфатени 3,3 милиони луѓе од целиот свет утврдено е дека подолгото спиење го зголемува ризикот од срцеви болести и удари. Тие појаснија дека поради подолгото спиење луѓето помалку вежбаат што доведува до срцеви проблеми. Исто така, научниците наведоа дека луѓето кои спијат подолго веќе страдаат од некој проблем кој се уште не им е дијагностициран.

„Подолгото спиење може да биде поврзано со зголемен ризик од кардиоваскуларни болести и коморбититет кои доведуваат до замор, хронични воспаленија и анемија. Симптомите на депресија, низок социоекономски статус, невработеност и намалена фиизичка активност, исто така, се поврзани со подолго спиење“, напишаа експертите.

Најмал ризик имаат лицата кои спијат меѓу седум и осум часа. Лицата кои спијат девет часа имаат 14 отсто поголем ризик од прерана смрт, додека кај лицата кои спијат десет часа, тој ризик се зголемува на 30 отсто. Лицата кои спијат 11 часа имаат зголемен ризик за 47 проценти.

Би можело да ве интересира

Колку добро го познаваме нашето срце

Предраг Петровиќ

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска