Либанец откупи нацистички предмети за 600.000 евра

Од:

Бизнисменот Абдалах Шатила, Либанец кој со децении живее во Швајцарија, денеска соопшти дека откупил шапка на Адолф Хитлер и други нацистички предмети, како што изјави – „за да не паднат во раце на неонацистите и за да ги подари на Еврејската организација“.

– Немам никаков директен интерес, само мислев дека тоа е правилно нешто да се направи, рече Шатила.

Либанецот, инаку христијанин, минатата седмица на аукција во Минхен платил 600.000 евра за артефактите, со намера да ги уништи откако една еврејска група се огласи дека е против продажбата.

Наместо тоа, непосредно пред наддавањето, разговарал со претставникот на организацијата, Керен Хајесод и одлучил да им ги подари.

Европското еврејско здружение го поздрави неговиот „врвен чин на доброта, великодушност и солидарност”.

Би можело да ве интересира

Неонацистичката група планирала убиство на Џорџа Мелони

Горан Наумовски

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Австралија ги забрани нацистичките поздрави, сувенири и симболи

Горан Наумовски

Марк Нопфлер ја продава својата колекција гитари

Дрес на Марадона на аукција – почетна цена 4.000.000 фунти

А1он