Јужнокорејската компанија ЛГ го претстави најмалиот безжичен полнач на светот.
Со пречник од само 6,9 сантиметри, полначот СР-300 е дизајниран така што преносливоста е во прв план.
И покрај малите димензии, површината за полнење е 1,7 пати поширока во споредба со претходната генерација ЛГ безжични полначи.
Новиот модел е компатибилен со стандардниот микро УСБ полнач со пет пинови и на тој начин овозможува највисоко ниво на перформанси и удобност во својата категорија.