LG почна со продажба на првиот заоблен ОЛЕД телевизор на светот

Од:

Јужнокорејската компанија „ЛГ Електроникс“ најави денеска почеток на продажбата на првиот заоблен ОЛЕД телевизор во светот, кој прво ќе им биде достапен на корисниците во Јужна Кореја.

ЛГ е прва и единствена компанија на светот која во продажба ќе има модели на телевизор кои поседуваат флет и заоблени ОЛЕД екрани.

По повеќе од пет години истражување и развој на екрани со заоблување, кое е најоптимално за човечкото око, компанијата ЛГ на пазарот пласираше телевизор кој целосно ги елиминира проблемите на визуелна дисторзија и губење детали што е присутно кај флет екраните.

Со дебелина од само 4,3 милиметри и тежина од 17 килограми, моделот ЕА9800 нуди живописна и реална слика со помош на единствената WRGB технологија. Благодарејќи на технологиите 4-Колор Пикселс и колор Рифајнер, ЛГ заоблениот ОЛЕД телевизор емитува многу поостри и пореални бои од останатите модели на пазарот.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска