ЛГ ќе претстави два нови Гугл телевизори

Од:

Јужнокорејската компанија „ЛГ Електроникс“ на годинешниот Саем за потрошувачка електроника во Лас Вегас ќе претстави нови модели на Гугл телевизори.

Новите телевизори, со ознаки GA7900 и GA6400, со унапреден дизајн, се комбинација од напредните технологии на компаниите ЛГ и Гугл, со што целосно ќе ги задоволат очекувањата на потрошувачите.

Последната Гугл платформа и редизајнираниот далечински управувач ЛГ Меџик Римут Кверти значително ја подобрија ефикасноста за гласовно пребарување и користењето на бројни опции кои ги нудат овие модели. Ажурираниот сервис Смарт Хоум овозможува поедноставен пристап до функцијата ВоД (Video on Demand), ЈуТјуб апликацијата и останатите Смарт содржини. Освен тоа, премиум моделот има и единствен ЛГ Синема Скрин дизајн, кој речиси целосно ја отстранува рамката на екранот, што обезбедува уште поубедлив 3Д приказ.

– Наша цел е постојано да произведуваме апарати за домашна забава, кои им овозможуваат на нашите корисници единствено искуство, а ЛГ Гугл телевизорот е токму таков апарат. Овие модели комбинираат Андроид оперативен систем, кој го развила компанијата Гугл, со поволностите на 3Д и Смарт технологијата на ЛГ Електроникс, а резултатот е сеопфатен систем за домашна забава, кој се карактеризира со едноставност, изјави претседателот и извршен директор на компанијата ЛГ Електроникс Хоум Ентертејмент.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска