Компанијата „ЛГ Електроник“ на саемот ИСЕ ги претстави Ултра ХД мулти-тач мониторите, Смарт Мирор апаратите, како и најновите транспарентни дисплеи.
Посетителите на тридневниот саем, кој завршува денеска и на кој се претставуваат најпрестижните производители на аудио-видео опрема и интегрирани системи за сигнализација, имаат можност да се уверат во квалитетот на импресивниот 3Д видео-бим, кој се состои од 49 екрани со дијагонала од 55 инчи (модел 55WV70MD).
Рамките на овие екрани се меѓу најмалите на светот и имаат дебелина од само 5,3 милиметри, давајќи впечаток дека станува збор за еден џиновски екран.
Идеални за голем број гледачи, ЛГ ФПР (Film Patterned Retarder) 3Д системите користат лесни и економични 3Д очила, за кои не е потребно никакво дополнително електронско напојување.
Претседателот и генерален директор на компанијата ЛГ Хоум Интертејнмент, Хавис Квон изјави дека овие производи користат усовршена ИПС технологија, која овозможува одличен квалитет на сликата.
– Екраните за дигитална сигнализација се видливи речиси од секој агол, така што корисниците можат да ја следат содржината од било која положба и без разлика дали дисплејот е поставен во отворен или затворен простор, истакнува Квон.
ИПС професионалните монитори на компанијата „ЛГ“ поседуваат и технологија која овозможува заштеда од приближно 30 отсто електрична енергија во споредба со конвенционалните модели.
ЛГ Ултра ХД мулти-тач мониторот со дијагонала од 84 инчи претставува најголем Ултра ХД екран од овој вид на светот и има четирипати поголема резолуција (3840 х 2160) во однос на стандардните ХД модели.