„ЛГ Г7 ТинК“ ќе биде официјално промовиран на 3 мај

Од:

„ЛГ“ официјално потврди дека ќе одржат специјален настан на 3 мај, на кој ќе го претстават својот нов предводник на пазарот за смартфони. Уредот ќе биде претставен под името „ЛГ Г7 ТинК“ (LG G7 ThinQ), што укажува на поддршка за софтвер за вештачка интелигенција (ВИ). Премиерата ќе биде во Сеул, Јужна Кореја, но дополнителен настан ќе се одржи во Њујорк истиот ден. Користењето на ВИ софтверот ќе ги подобри вкупните перформанси, како и перформансите на камерата.

Податоците за двата настани беа потврдени од официјалната веб страница на „ЛГ“. Новиот уред ќе понуди интеграција за „Гугл Асистент“ и повеќе гласовни команди за управување со паметниот телефон и претходно инсталираните апликации.

Уредот ќе има голем 6-инчен M + ЛЦД РГБВ дисплеј со КХД + резолуција со сооднос од 19:9. „ЛГ Г7 ТинК“ ќе работи под Андроид Орео и ќе има напредна двојна задна камера.

Премиерата на овој модел во голема мера ќе ја заостри конкуренцијата на пазарот на паметни телефони. Од почетокот на годината, видовме доста интересни премиери на новите смартфони за големите производители. Технологијата за вештачка интелигенција постепено станува неопходна карактеристика на уредите со Андроид.

„ЛГ“, главно има корист од продажбата на телевизори и паметни домашни апарати, но ќе се обиде со „ЛГ Г7 ТинК“ за значително да ги подобри перформансите на мобилниот оддел.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска