Јужнокорејската компанија „ЛГ Електроникс“ е добитник на овогодишната награда ТИПА (Technical Image Press Association), во категоријата „Најдобар фото монитор“, за ColorPrime мониторот.
– Овој модел е идеален за фотографите, графичките дизајнери и професионалците кои се занимаваат со филмска монтажа, а негови главни карактеристики се напредната ИПС технологија, исклучително високата резолуција и широката палета природни бои, наведуваат од ЛГ.
Овој монитор со резолуција WQHD (Wide Quad High Definition) и можност на софистицирана калибрација, нуди исклучително визуелно искуство кое ќе ги задоволи и најпребирливите корисници.
ЛГ ColorPrime мониторот во секој момент може да се заврти за 90 степени и на тој начин да им овозможи на корисниците да изберат ориентација на екранот која најмногу им одговара.
Со секој монитор корисниците добиваат и сертификат дека сликата е наместена од страна на експертите од компанијата ЛГ, а со цел уште повеќе да го унапредат квалитетот на сликата и да го прилагодат на потребите на корисниците, овој монитор нуди и можност за хардверска екстерна калибрација.
Благодарејќи на опцијата „4-Screen Split“, можна е поделба на екранот на четири различни површини кои можат да се местат по желба.