„Леново“ претстави таблет за четири лица

Од:

Кинеската компанија „Леново“ го претстави таблетот IdeaCentre Horizon Table PC, кој има големина на осум „ајПади“ и може да опслужи допири на десет прсти истовремено.

„Леново“ на купувачите им понуди таблет, кој ќе го собере целото семејство. наместо секој да користи свој таблет, компанијата нуди еден со големина на маса, кој ќе можат да го користат четири-пет луѓе истовремено. IdeaCentre Horizon Table PC се рекламира како прв „интерперсонален компјутер“.

Овој таблет има 27 инчен екран и оперативен систем Видоуз 8. Наменет е да стои на маса, но може и да се исправи. Неговата тежина изнесува 6,8 килограми, а и има и џојстици за играње игри. Цената на овој апарат ќе биде околу 1.300 евра.

Идејата за ваков таблет прв ја имаше „Мајкрософт“ уште во 2008 година со својот екран чувствителен на допир со големина од 30 инчи.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска