Компанијата Леново почна со продажба на смартфонот С90 Сисли, што многу наликува на новиот АјФон 6 на Епл.
Уредот е изработен од брусен метал и бела пластика, а дизајнот е речиси идентичен со АјФон 6.
Леново С90 Сисли работи на оперативен систем Андроди 4.4 КитКат, има екран од 5 инчи и резолуција 720п, квад-кор Снапдрагон процесор и еден гигабајт меморија.
На задната страна се наоѓа камера од 13 мегапиксели, додека на предниот дел е поставена камера од 8 мегапиксели.
Леново новиот смартфон на кинескиот пазар го продава по цена од 330 долари.