Лековитите својства на ориганото

Од:

Британските научници потврдија дека маслото направено од оригано е ефикасно против 25 различни бактерии, односно успешно се справува со различни бактерии како и традиционалниот антибиотик.

Дури и најмлите количества на оригано се ефикасни против непријателите на организамот, а неговите анти-бактериски својства може да се споредат со конвенционалните антибиотици: стрептомицин, пеницилин и ванкомицин.

Студиите потврдија дека меѓу другите природни масла, маслото од оригано има силен ефект на сите патогени бактерии како што се стафилококите, ешерихија холи и листерија, односно 25 различни бактерии. Клиничките истражувања потврдија и дека оваа билка може да се користи и против цревните паразити.

Доказите за полезните медицински својства на оригановото масло постојано се зголемуваат. Од 52 растенија што се тестирани во овие испитувања, само маслото од оригано имало позитевен ефект врз кандида албиканс, ешерихија голи, салмонела и псеудомонас аеругиноса. Посебно значајно е влијанието па псеудомонасот затоа што таа бактерија покажала исклучителна отпорност кон сите видови антибиотици.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска