Мексиканецот Роберто Ескивел Кабрера (54) тврди дека го има најголемиот пенис на светот, но лекарот Хесус Пабло Гил Муро тврди дека тој лаже, пренесува Метро.
Радиологот истакнува дека го прегледал Роберто и дека тој не сакал да ги симне завоите со кои го имал замотано пенисот. Лекарот тврди дека неговиот пенис е долг од 16 до 18 сантиметри, но кожата е долга, дури до коленото.
– Неговиот пенис не е долг колку и кожата. Остатокот од ткивото кое што се гледа на рентгенската снимка е кожа. Роберто е опседнат со должината на својот пенис, тврди лекарот.
Најголемиот пенис на светот официјално го има Џон Фалкон, долг 34 сантиметри, а и тој се сомнева во тврдењето на Кабрера.
Минатиот месец тој доби инвалидска пензија откако се пожали дека не може да пронајде работа.