Лек, што би можел да излечи аутизам, наскоро треба да почне да се тестира на заболени деца.
Лекот наречен „Сурамин” веќе се користи за лечење болести со спиењето во Африка, а на тестовите на глувци покажал дека ги отстранува симптомите слични на оние кај аутизам, пишува „Daily Mail”.
На молекуларно ниво, овој лек ја нормализира конекцијата во мозокот и сигнализацијата помеѓу ќелиите, а влијае и на метаболизмот; се смета дека овие работи лежат во основата на пореметувањето. Лекот делува на ќелискиот систем кој произведува одговор на организмот на стресот. Според новата теорија, аутизмот е повран со овoj проблем.
Американски научници открија дека лекот поправа 17 видови абнормалност поврзани со аутизмот кај генетски модифицираните глувци, кои вклучуваат и проблеми со општественото однесување.
Аутизмот е широко распространета состојба, главно кај децата, која влијае врз способноста на личноста за социјализација и комуникација, а има и разорно дејство врз целиот нивен живот.
„Нашата теорија претпоставува дека аутизмот се случува бидејќи ќелиите заглавуваат во одбрана на организмот и не можат нормално да комуницираат помеѓу себе, што влијае на развојот на мозокот и неговите функции“, вели професорот Роберт Навио, заменик директор на Центарот за митохондријални и метаболички болести на Универзитетот Калифорнија.