Британскиот уметник Алекс Чинек на источната страна на лондонскиот Ковент Гарден, изработи „зграда што лебди во воздухот“.
Со „лебдечката зграда“, широка 40 метри и висока три метри, Чинек на посетителите им овозможува да минуваат меѓу и под столбовите и да се восхитуваат на нејзината изработка и разиграната магија.
За изработка на оваа необична градба, Чинек соработувал со над сто лица, како консултанти за планирање, градежни инженери, архитекти, столари, сликари и 3Д моделари, кои заедно работеле на проектот над осум месеци.
За фасадата на зградата е користен дигитално моделиран стиропор и тенки полистиренски блокови, кои се насликани од страна на Чинек за да изгледаат како вистински ѕидови од цигли и камен.
Чинек е познат по невообичаените дела со лажни згради, а самиот Лондон му нуди простор за презентација на неговите наизглед невозможни креации.