Лансирана социјална мрежа за компаниите – „Фејсбук на работа“

Од:

Фејсбук официјално лансира нова услуга за правните субјекти која им овозможува на фирмите да имат своја компаниска социјална мрежа наречена „Фејсбук на работа“ („Facebook at Work“).

Новата понуда се базира на основната верзија на Фејсбук и им овозможува на компаниите да создадат сопствена социјална мрежа. Станува збор за решение на компаниските социјални мрежи, кои се многу блиски на сегашната ергономија и функционалност на Фејсбук.

Тоа решение го следи апликацијата „Работа“ (Work), направена за оперативните системи „iOS“ и „Android“, а е прилагодено и за мобилен пристап.

Новата варијатна на „Фејсбук“ уште некое време ќе биде во бета (пробна) верзија, соопшти компанијата.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он