Инспирирани од традиционалните бунари, МЕЈД студиото позајми принцип на едноставен дрвен механизам кој дава светлина.
Како што сијалицата се симнува во стаклениот сад, синиот или мат садот станува непроѕирен и поинтензивен. Садовите се изработени од стакло во дрвен калап, додека рачките од дрво на јавор во комбинација со елементи на месинг.
Сијалицата е закачена на месинган дел што ја прави потешка и полесно да оди горе-долу по сината линија. Јажињата кои се користат за намотување во реалните бунари се користени и во изработка за оваа единствена светилка.
Со намотување на јажето, сијалицата ја менува својата оддалеченост внатре во стаклениот сад како и кофата во водата. Во пониските позиции светлото станува сино, додека во втората варијанта станува јасно и транспарентно.