Властите на градот Лулеа покренаа акција во обид за поставување рекорд за правење најголема рака на мраз.
Вкупно 2.493 жители од градот се собраа на мраз во пристаништето и формираа форма на рака со кренат палец, односно популарниот „лајк“.
Граѓаните вака се обидуваат да влезат во Гинисовата книга на рекорди, но и да прослават што популацијата на градот дошла до 75.000 луѓе.
– Ова е начин сите да се забавуваме, но и да покажеме дека сме горди на овој град, рече градоначалникот Карл Петерсен. Тој додаде дека Лулеа на овој начин го поздравува и Фејсбук, компанија која неодамна токму во тој град отвори канцеларија.