„Гугл“ и се придружи на НАСА купувајќи еден од само двата досега произведени комерцијални квантни компјутери.
Овој „суперкомпјутер“ извршува задачи 3.600 пати побрзо од нормалните компјутери, а научниците очекуваат тој да биде искористен за пронаоѓање нови лекови, во борбата против климатските промени и во роботиката.
Компаниите имаат за цел во целост да ја искористат моќта на овој компјутер, произведен од канадската компанија „Д-Вејв“, кој сега се наоѓа во Истражувачкиот центар „Ејмс“ во Калифорнија.
„Д-Вејв 1“ е развиен со помош на основачот на „Амазон“, Џеф Безос, а е купен од групацијата „Локид Мартин“ во 2011 година.
„Гугл“ и НАСА сега се сопственици на „Д-Вејв 2“ компјутерите, кои работат на 128-кјубитни процесори.
„Нормалните“ компјутери се дигитални и користат битови со цел да пренесуваат информации и да извршуваат задачи.
Битните компјутери работат по систем на единици и нули и можат да бидат или во активна или неактивна состојба, додека кјубитните функционираат така што може да бидат активни, неактивни или во некоја средна состојба.
Поради тоа задачи што нормалните компјутери ги решаваат со години, квантните компјутери може да ги решат за неколку секунди.
„Д-Вејв“ работи слично како и човечкиот мозок, но без факторот на „човечка грешка“.
Компанијата „Д-Вејв“ моментно работи на квантен компјутер „Везув“, што ќе работи на 512-кјубитен процесor.