„Куса средба“ најромантичен филм во историјата

Од:

Иако нема среќен крај, ниту сцени со секс, филмот „Куса средба“ е прогласен за најромантичен филм во историјата, покажува ново истражување што го пренесуваат британски медиуми.

Филмот во кој Силија Џонсон и Тревор Хауард глумат двојка која се вљубува иако двајцата се во брак и имаат семејства и кои не влегуваат во врска поради сопружниците кои не ги сакаат, се најде на прво место на листата што ја состави списанието „Тајм аут“.

„Тајм аут“ анкетираше 101 експерти од забавната индустрија, кои требале да ги издвојат свои омилени романси. На листата се најдоа и филмови за неуспешните врски „Ени Хол“, „Вечниот сјај на беспрекорниот ум“, проколнатата љубов „Казабланка“, „Планината Броукбек“, обидите за самоубиство „Апартман“, партнерите кои мамат „Расположен за љубов и смрт“ и „Харолд и Мод“.

„Куса средба“ на Дејвид Лин го избраа, меѓу останатите, Ел Џејмс, авторка на трилогијата „Педесет нијанси“ и режисерот Ричард Кертис („Четири венчавки и погреб“).

Сексуалната тензија во филмот е нагласена со концертот на Рахмањинов за клавир 2 и серијата погледи, а единствениот физички контакт е стисокот со рамената при последното збогување.

Би можело да ве интересира

Кинотека во рамки на проектот Сезона на филмски класици ќе го реставрира Мис Стон

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кевин Костнер заплака во Кан: „Жал ми е…“

Предраг Петровиќ

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена