Малата куќа во облик на птица се наоѓа во шума во централниот дел на Јапонија.
Куќата е дело на графичкиот дизајнер и илустратор Нома Бар и е седми проект нарачан од страна на Момфуку Андо фондацијата во нивната серија куќички на дрво.
Куќичката „Birds Eye View“има поглед кон активниот вулкан Моунт Асама.
Куќичката е висока девет метри и се состои од две главни компоненти. Првата е дводелниот обоен покрив, кој го формира телото на птицата, а необоените дрвени скали е другата компонента која изгледа како опашка на птицата.