Куќата на Хитлер може да биде домаќин на имигрантите

Од:

Австриската добротворна организација Foklshilfe, која им помага на имигрантите, планира да отвори канцеларија во родната куќа на нацистичкиот водач Адолф Хитлер во Браунау во Горна Австрија.

Родната куќа на Хитлер е празна повеќе од една година, откако од неа беше иселена работилница за лица со ментални нарушувања.

Еден руски пратеник се закани минатата година дека ќе ја купи и урне куќата, но неговиот план не успеа бидејќи зградата е заштитена, пошто датира од времето на ренесансата.

Австрискиот весник Куриер во утрешното издание цитираше анонимни официјални претставници на Министерството за внатрешни работи, кое сега ја изнајмува куќата, дека се отворени да ја понудат за изнајмување на Folkshilfe.

Претседателот на добротворната организација, Карл Остербергер, рече дека изнајмувањето на куќата на агенција како неговата би испратило “силен сигнал”.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија