Мексиканското архитектонско студио „Сеносјаин Аркитектос“ изгради несекојдневна куќа во форма на школка, која наликува како да потекнува од некоја неверојатна земја од бајките.
Куќата е изградена од издржлива челична жица и посебен ултра тенок бетон, што ја прави отпорна на земјотреси со посилен интензитет, а во исто време и лесна за одржување.
Ентериерот на куќата остава впечаток како да се наоѓате на отворено, бидејќи е исполнет со растенија и органски додатоци, како што се камените патеки.
Со ваквиот креативен и неверојатно оригиналн дизајн, куќата фасцинира со својот изглед и удобност, иако многумина архитекти се скептични по прашањето дали ваквата градба би можела да биде пријатен објект за домување.