Канадското студио „ДПАИ Аркитекчр“ реновираше една стара куќа во провинцијата Онтарио во стилот на „Арт Деко“.
Куќата е изградена во 1937 година и претставува една од најимпозантите дела на „Арт Модерн“ стилот. Нејзините сопственици сакале со реновирањето да се задржат автентичните елементи на градбата, но таа да зрачи со модерен изглед, па затоа архитектите се решиле за примена на „Арт Деко“ стилот.
Градбата има големи отворени простори, кои заедно со големите прозорци и топлите бои целиот ентериер го прави авантурстички и гостољубив.
Широкиот простор е доплнително зголемен при реновирањето, со што е добиена поголема осветелност, отвореност и транспарантност, надоплнети со елементи на современата технологија.
Трпезаријата е организирана на начин што овозможува воспоставување силна врска со градината што се наоѓа до неа и чие зеленило придонесува за чувство на поголема свежина во оваа просторија.
Карактериситките на „Арт Деко“ стилот – лукусзот, гламурот и изобилството, во оваа куќа се иделно вклопени со својствата на социјалниот и технолошкиот напредок.