Куќа со три градини во Белгија

Од:

На крајот на станбениот комлекс во Де Пинте во Белгија, е сместена една интигрантна куќа, која е опкружена со волшебна шума од која сета убавина се преточува во внатрешноста на домот.

Белгија куќа 2

Куќата во симетрична стил, дело на архитектот Дитер де Вос, е со површина од 360 метри квадратни и се наоѓа во самиот центар на парцелата, од каде со околината се поврзува со три преубави градини. Градините кои претставуваат рај за душата, ја доплнуваат композицијата на целиот простор. Секоја од градините е наменета за одреден дел од денот: „за добро утро, добар ден и добра вечер“.

Белгија куќа 3

Куќата ја карктеризира авантуристичкиот архитектонски стил. Таа целата е покриена со тули, со убава столарија со правоаголни прозоци на катот.

Белгија куќа 4

Внатрешниот простор е функционален, светол и комотен. Кујната е поделена со ѕид на делот за јадење и работен простор, кои функционираат како две одделни целини.

Белгија куќа 6

Интригантен со своите детали, овој елегантен дом е оживеан со природни материјали и бои. Скулптурното и спирално скалило, што се наоѓа во средината на првиот кат, го спојува просторот за дневен престој со приватниот апартман.

Белгија куќа 5

На катот има три соби поврзани со ходник, кои создаваат единствен коплекс во бела боја, каде светлината влегува од отвороте што се наоѓа на рамниот покрив.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска