Во сингапурската населба Букит Тимах е изградена пространата куќата „Џеј-Кеј-Си 1“, која е проектирана според Фенг Шуи стандардите.
Куќата е изградена на блага нагорнина, а во предниот дел од нејизниот двор е сместен базен. Местоположбата на базенот е избрана врз основа на правилото на Фенг Шуи дека водата и планината се елементи помеѓу кои секогаш мора да постои баланс.
На првиот кат на куќата има голем отворен простор во кој се семестени дневната соба, трпезаријата и кујната и од каде се пружа непречен поглед кон дворот и базенот.
Во средина на куќата има скали кои водат до вториот кат, на кој во еден дела се наоѓаат спалните соби и просторија за играње на децата, а во вториот дел има отворена градина.
Од градината има спирални скали кои водат до пространа покривна тераса.
Куќата има голем број прозорци и стаклени лизгачки врати од подот до таванот, што овозможува влез на големо кличество светлина во внатрешноста и „комуникација“ меѓу ентериерот и опкружувањето.