На познатата исландска рута на златниот круг, на околку час и половина возење од Рејкјавик, се наоѓа необичната куќа „Пирамид Котиџ“.
Градбата се состои од два дела во форма на пирамида, кои се поврзани со приземен влезен хол.
Сопственикот на куќата вели дека неговиот дом е изграден со цел да го рефлектира исландскиот пејзаж и да биде комплементарен со нискостеблестите растенија и мовта во неговото опкружување.
Во едната пирамида е сместен отворен простор за дневен престој во кој се има трпезаријата, кујната и дел за одмор, додека во втората се наоѓаат три спални соби.
Прозорците на овие градби кои се со триаголна форма овозможуваат влез на големо количество природна светлина, што предизвикува 3Д ефект во ентериерот.
Во двете пирамиди има поткровја од каде се пружа панорамски поглед на околината, а малата дрвена тераса со мебел во минималиситчки стил претставува совршено место за уживање во летните утра.