За луѓето кои живеат во реони каде често има поплави, британската компанија „Ларкфлит Груп“ измисли идеално решение.
Станува збор за експериментален модел на куќа, која може да се подигне на столбови во случај на поплави. Изградбата на куќата засега е во експериментална фаза, но доколку тестирањата се покажат успешни оваа идеја во иднина може да се применува при градба на станбени единици ширум целиот свет,
Екперименатлната трособна куќа се наоѓа во Весон Хилс крај Линколншир и таа може да се крене на 1,5 метри од површината на земјата со помош на осум механички столбови.
Куќата нема конвенционални темели, туку е поставена на прстен од челична конструкција, што овозможува таа да се „расклопи“ и да се премести по потреба.
Замислено е куќата да биде опремена со соларни панели поставени на покривот, а нејзиниот приклучок на канализациската мрежа е овозможен со флексибилни цевки, со што таа е функционална за живеење, дури и во услови кога е подигната на столбовите.