На плажата во Малибу во Калифонија изградена е преубава куќа, чија надворешност наликува на брод што плови по морската шир.
Куќата нуди поглед кон Тихиот Океан, а нејзините стаклени ѕидови, големи прозорци и мноштво тераси ја претвораат во отворена галерија во која главни елементи се сонцето, песокот и брановите.
Фасадата на куќата што гледа кон улицата е со едноставна геометрија со примена на дрвени плочи, кои создаваат одличен контраст со останатите надворешни ѕидови.
Вилата има три соби и вкупна површина од 278 метри квадратни.
На самиот влез се наоѓа голема врата од махагони, од која дирекно се пружа поглед кон Океанот.
Спалните соби се светли и пространи со вгардени италијански плакари, а посебно интересен детал е телевизорот интегриран во огледалото во бањата.