На плажата Каставајс во австралиската сојузна држава Квинсленд е изградена модерна куќа со инспиративно опкружување од која се пружа поглед кон синилото на океанот.
Ентериерот во оваа вила за изнајмување е осмислен на таков начин, што им овозможува на госите да се чувствуваат како кралеви. Куќата „Блу Дог“ е изградена на врвот на една дина и нуди панорамски поглед на околината.
Таа има транспарентна фасада од страната што гледа кон морето, а севкупниот амбинет во неа го надополнува современиот дизајн. Стаклените ѕидови и големите прозорци овозможуваат влез на многу светлина во внатрешноста на куќата.
„Блу Дог“ има четири спални соби и три бањи. Две од спалните соби, кои се опремени со француски лежај, се сместени на вторито кат, една е на првиот, а четвртата се наоѓа во призмејето.
Во сите нив доминираат палети на бела, сива и морско и тиркизно сина боја, што два впечаток дека внатрешноста е споена со околината.
Кујната е пространа и опремана со бели елементи, а големите прозорци и стаклените панели овозможуваат прекрасен поглед кон океанот.