Кристијан Бејл во римејкот на „Невестата на Франкенштајн“

Од:

Се подготвува нова верзија на класичниот хорор филм „Невестата на Франкенштајн“ од 1935 година, во кој главната улога ќе ја има оскаровецот Кристијан Бејл.

Овој американски хорор филм во режија на Џејмс Вејл е инспириран од романот на Мери Шели и всушност е продолжение на филмот Франкенштајн од 1931 година.

Публиката и критиката брилијантно го прифатија и со повеќе од скромен буџет, тогаш заработи два милиони долари, што може да биде еквивалент на денешната сума од триесет милиони. Стана култна класика, па дури и го надмина својот претходник, филмот „Франкенштајн“.

Режисер и сценарист ќе биде актерката Меги Џиленхал, а една од улогите ќе ја игра нејзиниот сопруг Питер Сарсгард. Ова ќе биде втор режисерски проект на Џиленхал по драмата „Dark Daughter“ од 2021 година. Кристијан и Меги веќе соработуваа во филмот „The Dark Knight“.

Претходно, римејкот на „Невестата“ го работеше студиото „Универзал“, а беше планирано режисерската палка да ја преземе Бил Кондон, познат по режијата на сагата „Самрак“, несреќниот монструм и неговата сопруга требаше да ги играат Хавиер Бардем и Анџелина Џоли. Проектот беше планиран за 2019 година, но на крајот беше откажан.

Би можело да ве интересира

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ

Курт Расел за The Hateful Eight: Морав да станам сосема нова личност

Предраг Петровиќ

Снимањето на серијата за Хари Потер започнува следната година: „Нова актерска екипа“

Предраг Петровиќ

Проекција на филмот „Божиќното танго“ во режија на Никос Кутелидакис

„Лиминални простори-лиминални тела“ – проекција на краток филм и изведба на танцов перформанс во Охрид