Крис Рок останува домаќин на доделувањето на Оскар

Од:

Заради многубројните жалби на познатите личности на сметка на овоогодишното доделување на Оскар, при што втора година по ред се номинирани повеќе бели уметници, Академијата за филмска уметност најави афирмативна акција на новата програма, ветувајќи дека двојно ќе го зголеми женски и малцински членства до 2020 година.

А домаќинот Крис Рок  ќе остане да ја води оваа приредба и покрај повиците за бојкот, откри продуцентот Реџиналд Хадлин во интервју за Интертејнмент тунајт.

Главно белци, мажи и постари лица го сочинуваат составот на повеќе од шест илјади професионалци во филмската индустрија кои припаѓаат на Академијата и кои веќе долго време се критикувани во врска со расната и родовата еднаквост која се однесува на доделувањето Оскар.

Промените, кои едногласно се одобрени во четвток навечер од страна на Управниот одбор на Академијата, опфаќаат програма кои ќе „идентификува и регрутира квалификувани нови членови кои претставуваат поголема разновидност“, како и отстранување на некои стари членови.

Актерот Вил Смит, режисерот Спајак Ли и други најавија дека ќе го прескокнат доделувањето на наградите на 28 февруари и досега нема никакви индикации дека планираат  да го отповикаат својот бојкот.

Би можело да ве интересира

Кумановецот Горан Стојменовиќ еден од добитниците на Оскар

Предраг Петровиќ

Познато е кој ќе биде водител на програмата на 96. доделување на Оскарите

Кремљ го нападна Холивуд за филмот за Навални кој доби Оскар

(ВИДЕО) „Се во исто време“ однесе седум Оскари, неверојатно враќање на Брендан Фрејзер

Катерина Ѓуровски

Лејди Гага одби да настапи на Оскарите – има проблем и нема решение

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Шамарот кој одекна низ светот: Вил Смит моли за прошка